Почина професорката Анета Бучковска

Од:

На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина професорката на ФЕИТ Анета Бучковска.

„Со голема тага Ве известаме дека почина нашата почитувана и драга професорка, д-р Aнета Бучковска. Посмртните останки ќе бидат изложени во капела на ден 12.12.2022 (понеделник) во 11:00 часот на Градските гробишта Бутел. Бог да ја прости, сочуство до најблиските а ФЕИТ во следниот период ќе организира комеморативна седница за која ќе бидете дополнително известени“, напишаа од ФЕИТ.

Бучковска беше долгогодишна професорка со плодна научна кариера на Факултетот за елетротехника и информациски технологии (порано Електротехнички факултет). На факултетот е од 1988-ма година.

Бучковска беше поранешна сопруга на поранешниот премиер, Владо Бучковски.