Моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска упати остри закани до Јужна Кореја поради разгледувањето еднострани санкции против Северна Кореја. Таа новиот јужнокорејски претседател и членовите на неговата влада ги нарече „идиоти“ и „диви кучиња што глодаат коски“ што им ги фрлаат САД.
Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја пред два дена соопшти дека ја разгледува можноста за воведување дополнителни еднострани санкции против Северна Кореја поради неодамнешните ракетни тестирања спроведени од севернокорејската армија. Министерството соопшти дека ќе ги разгледа санкции и мерки за спречување на наводните кибер-напади на Северна Кореја, доколку Ким Џонг-ун изврши поголема провокација, како на пример нуклеарна проба.
„Се прашувам какви ‘санкции’ јужнокорејските власти, кои се како диво куче кое трча наоколу и глода коска фрлена од САД, дрско ќе и наметнат на Северна Кореја? Каква спектакуларна глетка” изјави Ким Јо-џонг.
Сестрата на севернокорејскиот лидер ги нарече новиот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол и службениците од неговата администрација „идиоти кои создаваат опасна ситуација“. Таа додаде дека Јужна Кореја „не беше наша цел“ додека на власт беше нејзиниот поранешен претседател кој се залагаше за помирување со Северна Кореја.