Вељаноски: Со формирањето на Работната група почнува имплементација на препораките од Извештајот

Од:

Со големо задовоство би сакал да ја информирам јавноста дека на денешната Координативна средба со потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија се формираше Работната група согласно договорот за имплементација на препораките од извештајот на Комисијата за испитување на настаните во Собранието на Република Македонија од 24.12.2012 година.

Брзото формирање на Работната група покажува дека можеме заеднички институционално да работиме и да водиме успешен политички дијалог насочен пред се кон иднината на граѓаните и натамошните евроатлански чекори на Република Македонија.

Со основањето на Работната група практично започнува процесот на имплементација на препораките од Извештајот.

Согласно одлуката за формирање на Работната група таа ќе биде одговорна за изготвување и поднесување на сите закони, подзаконски акти и амандмани на Деловникот на Собранието на Република Македонија содржани во препораките. Работната група ќе работи врз основа на консензус, без исклучоци.