Најголемата руска нафтена компанија „Роснефт“ поднесе тужба против германската влада поради запленувањето на нејзините подружници во таа земја.
„Роснефт“ тврди дека одлуката на Германија да назначи стечајни управници во „Роснефт Германија“, која управува со сите средства на компанијата, вклучително и три рафинерии за нафта, е неправедна со оглед на тоа што компанијата секогаш ги исполнувала своите обврски за испорака на нафта, јавува Anadolu Agency (AA).
Во врска со ова, руската компанија поднесе тужба до Сојузниот управен суд (BVerwG) во Лајпциг против германското Министерство за економија и заштита на климата, пишува порталот.