Наградата „Вацлав Хавел“ за 2022 година доделена на рускиот опозиционер Владимир Кара-Мурза

Од:

Наградата за човекови права „Вацлав Хавел“, што ја доделува Советот на Европа, годинава ја доби 41-годишен руски опозиционер Владимир Кара-Мурза, кој беше уапсен поради спротивставување на војната во Украина, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Наградата за Кара-Мурза, проследена со 60.000 евра, е заради неговата храброст да се спротивстави на војната во Украина. Тој е еден од лидерите на руската опозиција, кој беше уапсен во април 2022 година и обвинет за велепредавство и сега се соочува со казна од 20 години затвор.

Неговата сопруга Евгенија ја прими наградата и притоа прочита писмо во негово име.

„Сакам да му се заблагодарам на Парламентарното собрание на Советот на Европа за неискажливата чест што ми ја направи. Се чини дека е традиција за оваа награда, добитниците да не можат директно да ја добијат бидејќи се во затвор. Најголема закана за таквиот режим е вистината“, напиша Кара-Мурза. „Владимир Путин во нашата земја од февруари води војна против вистината“, прочита неговата сопруга Евгенија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Наградата „Вацлав Хавел“ за 2021 година за белоруската опозициска лидерка Марија Калешникава

А1он

Активист затворен во Чеченија е добитник на наградата „Вацлав Хавел“

Ана Ололовска