Одбележани 11 години од убиството на двајца полициски резервисти во Гостивар

Од:

Пред спомен плочата во гостиварската населба Циглана, денеска во знак на почит кон Александар Николиќ и Данаил Јанкоски полициски резервисти кои на должност беа застрелани во 2002 година, цвеќе положија и запалија свеќи роднини, пријатели, претставници од полицијата и бранители.

На полицискиот пункт, каде што го загубија животот беше отслужена панихида а цвеќе положи и Јохан Тарчулоски.

Јанкоски и Николиќ ги загубија животите откако на нив беше пукано од автоматска пушка од автомобил во движење. Виновниците за убиството не се откриени.