Кралот Чарлс III и официјално е прогласен за нов британски монарх

Од:

Кралот Чарлс III денеска и официјално беше прогласен за нов британски монарх на состанокот на Советот за наследување на тронот во палатата Св. Џејмс.

Церемонијата за првпат се пренесува во живо. Вториот дел од свеченоста почна со говор на кралот Чарлс зборуваше за смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета. Тој изрази сочувство до остатокот од кралското семејство и говореше за важноста на владеењето на неговата мајка.

„Се молам за помош и водство од Бог“, рече Чарлс.

Тој изјави дека она што остана од неговиот живот ќе го посвети на својата нова улога.

Кралот Чарлс III потпиша две копии за да потврди дека заклетвата е положена, а принцот Вилијам и кралицата придружник Камила се потпишаа како сведоци.