Морето минатата недела исфрли тело на необично животно на брегот на шпанското место Виљарикос, кое ги збунува локалните жители и научниците, кои не можат да утврдат за што точно станува збор.
Посебно необични се роговите на главата на животното. Некои сметаат дека станува збор за мутирана риба, а некои дури се уверени дека се работи за змеј, пишува Huffington Post.
Стручњаците се обидуваат да го утврдат идентитетот на ова суштество, но засега немаат конкретни резултати.
Гери Григс од калифорнискиот Институт за морски науки смета дека би можело да станува збор за Regalecus glesna, риба која ретко се гледа жива, бидејќи живее на големи длабочини во умерените и тропски води.