Случај кој ја потресе Приштина: Двајца браќа и нивни пријатели го силувале 11-годишното девојче

Од:

Случајот со силувањето на 11-годишното девојче ја згрози Приштина. Како што е соопштено, таа била малтретирана од пет мажи, од кои тројца малолетни, а сето тоа траело седум часа.

Како што јавија тамошните медиуми, случајот со силувањето на нејзината единаесетгодишна ќерка во полиција го пријавила мајката, која при изјавата во полиција го опишала ужасот што го доживеала нејзината ќерка.

Таа изјави дека девојката излегла од куќата во саботата вечерта, а била шокирана кога по полноќ девојката била пронајдена во лоша емотивна состојба и признала што и се случило. Единаесетгодишно девојче откри дека го силувале пет лица, на неколку различни локации.

Официјално, деталите за овој грозоморен случај уште не се соопштени, но се појавија информации дека девојчето било во парк во Приштина кога и пришол еден од осомничените Е.Р. (26) кој и рекол: „Душо, ми се допаѓаш“, за набргу да почне непримерно да ја допира. Наводно, не можела да вика бидејќи насилникот и ставил рака на уста, а со него бил и неговиот брат, 16-годишен малолетник.

Според неофицијални информации, тие ја соблекле девојката, а потоа била силувана прво од постариот, а потоа и од помалиот брат. После тоа, наводно, им се придружиле уште тројца нивни пријатели, кои продолжиле да ја малтретираат несреќната девојка. Сето ова траело седум часа, од 17.30 часот се до половина час по полноќ.

По пријавувањето на силувањето во полиција, жртвата била пренесена во безбедна куќа.