Министерката за здравство на Португалија поднесе оставка по смртта на бремена туристка

Од:

Португалската министерка за здравство Марта Темидо поднесе оставка неколку часа откако во Португалија почина бремена индиска туристка, пишува Ројтерс. Трудницата поради полн капацитет не била примена во породилиштето.

34-годишната Индијка починала од срцева слабост на пат кон друга болница во Лисабон. Португалскиот министер Антонио Коста изјави дека смртта на бремена туристка е „последната капка“ и ја натера министерката да поднесе оставка.

Во соопштението за оставка на министерката, владата посочи дека Темидо констатирала дека повеќе нема услови да остане во владата. Густаво Тато Борхес, претседател на португалското здружение за јавно здравје, за РТП изјави дека не очекувал нејзина оставка и бил изненаден што Темидо се повлече додека има „акутни проблеми“ во здравствениот сектор, пишува Би-би-си.

Детето преживеало

Породилиштата во Португалија се борат со недостиг на медицински персонал, поради што некои породилишта се затвораат. Поради ова, родилките често се префрлаат од болница во болница, што е ризично во друга држава.

Недостигот на здравствен персонал во Португалија, особено оние кои се специјализирани за гинекологија и акушерство, ја натера владата да размислува за регрутирање персонал од странство.

Во случајот со 34-годишна Индијка, фатално е префрлањето во друго породилиште, а целиот случај се истражува. Нејзиното дете го преживеало породувањето и е во добра здравствена состојба.