Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа јужно од островите Кермадец, кои припаѓаат на Нов Зеланд, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
Земјотресот се случил на длабочина од 84 километри, додаде истражувачкиот центар.
Засега нема информации за штети.