На 9.8.2022 околу 18.45 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во близина на плоштад на подрачјето на Бит Пазар група лица-навивачи на ФК Шкупи физички нападнале осум државјани на Шведска кои во Скопје дошле во врска со натпревар кој треба да се одигра на 11.08 помеѓу ФК Шкендија и ФК АИК.
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција веднаш интервенирале и се преземаат мерки за расчистување на случајот.