Гервала: Одлуката за одложување на реципроцитетот ќе биде спроведена доколку се отстранат барикадите

Од:

Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала, му одговори на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, кој ја поздрави одлуката на Владата на Косово да ја одложи одлуката за реципроцитет за регистарски таблички и лични карти до 1 септември, дека одлуката за одложување ќе се спроведе само доколку се отстранат сите барикади, пренесе Бета.

„Фактите остануваат факти. Косово се согласи со предлогот на САД и во согласност (со барањето) на ЕУ. Се согласивме на одложување до 1 септември 2022 година, но само ако барикадите се отстранат до 1 август. Реципроцитетот ќе остане реалност , Косово ништо не „одложи“, на полноќ стапи во сила уредбата за лични карти“, напиша Гервала.

Лајчак денеска ја поздрави одлуката на косовската влада да ги одложи реципроцитетните мерки кон Србија за 30 дена.

Извор: МИА