Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ победата на годинешниот Вимблдон ја прослави во ресторан. Во понеделникот пред „Стар двор“ се одржа дочек за седмиот рекет во светот, насобраните можеа да уживаат во концертите на Саша Ковачевиќ и Дејан Петровиќ.
Kad završi s tenisom, može i u Zvezde Granda – veliki Novak Đoković #Vimbldon #NovakDjokovic #Nole #NoleFam pic.twitter.com/XHvueoXJ7L
— Strax (@_Strax__) July 11, 2022
Прославата продолжи со мал круг луѓе, а Новак, видно опуштен заедно со сопругата Јелена, го отпеа еден од најголемите хитови на Халид Бешлиќ – „Миљацка“.
На социјалните мрежи беа споделени многубројни видеа од прославата. На едно од нив се гледа како славниот тенисер го зема микрофонот, се врти кон сопругата Јелена и нејзе ѝ ги посветува стиховите на „Миљацка“.
„Кога ќе заврши со тенисот, може и во ‘Звездите на Гранд’ – големиот Новак Ѓоковиќ“, гласи еден од коментарите на „Твитер“.