Барби некогаш била Кен, а по повеќе од 100 пластични операции на плажа е вистинска атракција

Од:

Џесика Алвес ужива во Тајланд со згоден маж, а во едноделното портокалово бикини ги полуде своите придружници и им ја разбуди фантазијата.

Бразилскиот водител Родриго Алвес (37) стекна светска слава поради зависноста од пластични операции кои ги има над 100 и се претвори во „човечки Кен“, но минатата година одлучи дека сепак сака да биде жена и да личи на Барби. Тој го промени своето име во Џесика Алвес и започна со хормонска терапија.

Џесика моментално ужива во Тајланд каде запознала згоден црномурест маж со кој го поминува времето. На Инстаграм таа објави серија фотографии од бродот на кои видно уживаат и разменуваат нежности.

Таа објави и неколку видеа на кои позира во едноделен портокалов костим за капење и ги истакнува своите раскошни гради, но и заводливата фигура во која изгледа особено ужива.

Таа на своите придружници им покажала како се забавуваат во Тајланд, не само на плажа и на брод, туку и во клубови.

Ја следат речиси 6 милиони луѓе кои верно знаат каде оди, што прави и дали се одлучила за друга операција.

Позната е и по влегувањето во италијанскиот Голем брат, по што изјави дека добила многу понуди да биде италијанска зајчица, поточно да позира за италијанскиот „Плејбој“.