Саманта Фокс (56) и нејзината партнерка се венчаа во Есекс
Британската манекенка и пејачка, Саманта Фокс со децении важеше за секс симбол, а мажите ширум светот воздивнуваа по неа, дури и го тетовираа нејзиното име. Сепак, срцето на Саманта Фокс го освои Норвежанката Линда Олсен, со која е во врска од 2016 година.
Мажите го тетовираа нејзиното име на челото, а таа била заљубена во жена.
Исто така, Дејли Мејл објави дека тие двете „едвај го чекале овој ден“.
Иако венчавката била закажана за 2020 година, таа била одложена поради ситуацијата со коронавирусот.
Саманта како модел започнала на 16 години, а успеала и покрај тоа што е висока само 158 сантиметри, бидејќи нејзините мерки биле 98-59-84. Таа беше најфотографираната жена во осумдесетите. Пејачката кариера ја започна во 1986 година, а со синглот „Touch Me“ се најде на врвот на топ листите ширум светот.