Министерството за култура го повика Жерновски да поднесе тужба

Од:

По повикот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Центар, се јави и Министерството за култура.

„Го повикуваме Жерновски да поднесе тужба против Министерството за култура, а не да се затскрива зад Јавното обвинителство и други институции и да ја манипулира јавноста. Жалиме што градоначалникот Жерновски наместо да се зафати со решавање на конкретни проблеми и проекти во интерес на граѓаните на општина Центар, во изминатиов период преку изнесување на невистини и лаги се обидува да ја манипулира јавноста со проектот Скопје 2014“ – велат од Министерството за култура.