Тешка сообраќајка на бугарската репрезентација во Грузија-Тодор Неделев пренесен во болница

Од:

Тешка сообраќајна несреќа на бугарската фудбалска репрезентација при нивното пристигнување во Грузија. За среќа помина без жртви. Бугарскиот репрезентативец Тодор Неделев е повреден, во шок и е пренесен во болница со повреди кои допрва ќе се испитуваат, објави БТВ.

Набргу по слетувањето на аеродромот во Тбилиси, играчите се качиле во два автобуси за да ги однесат до хотелот. Полициската придружба пред двете возила возела со прилично голема брзина, а влажниот коловоз поради дождовите бил една од главните прочини за несреќата.

Во еден момент полицијата брзо завртела на кривина, а првиот автобус нагло застанал, не оставајќи му можност на вториот автобус што бил зад него навреме да застане. Следувал удар од кој најмногу настрадал фудбалерот Тодор Неделев. Имало искршени стакла, дел од нив се скршиле од главата на фудбалерот кој е во шок. Силен удар фудбалерот добил и во рпеделот на градниот кош.

Се уште не е јасно дали има исеченици или рани. Тој веднаш бил испратен во болница. Останатите репрезентативци и стручниот штаб се во добра физичка кондиција, но сите се крајно исплашени од инцидентот.

Бугарскиот фудбалски сојуз го потврди инцидентот.

„Репрезентацијата на Бугарија доживеа тешка сообраќајна несреќа по пристигнувањето во Тбилиси. На пат кон хотелот на тимот, возачот на првиот од двата автобуси што го превезуваа нашиот воз изгуби контрола над возилото, што резултираше со тешка сообраќајна несреќа.

По судирот, Тодор Неделев бил пренесен во локалната болница каде во моментов му се вршат опсежни истражувања. Сите останати членови на тимот и стручниот штаб на бугарската репрезентација се добро“, стои во соопштението на веб-страницата на централата.