На скопскиот аеродром „Александар Велики“ синоќа пристигна Малик Обама, брат на претседателот на САД, пренесе Дневник.
Меѓународната асоцијација „Балкан клуб на мирот“, која е регистрирана во РМ и која ја води Осман Ватреш, пред извесно време одлучила својата втора Повелба за мир да ја додели на Фондацијата “Барак Обама Хусеин” (името е на таткото на американскиот претседател Барак Обама). Како што изјавија Ватреш и поранешниот македонски јавен обвинител Ставре Џиков, член на Асоцијацијата, координатор на оваа активност и специјален советник, наградата ќе ја прими Малик Обама, брат на првиот човек на САД.
Од Асоцијацијата не посочија поради што и е доделена повелбата на Фондацијата „Барак Обама Хусеин“. Одлуката ја донела комисија од 25 члена, во која, според Ватреш, има угледни луѓе. Наградата на Малик Обама ќе му биде врачена денеска во хотелот “Александар палас” во 16 часот.
фото: Дневник