Ласло Чатари, 98-годишен Унгараец кој беше најбараниот нацист од списокот на Центарот „Симон Визентал“, почина денеска во болница во Будимпешта, соопшти неговиот адвокат.
Унгарското државно обвинителство на 18 јули минатата година против Чатари покрена обвинение во кое на товар му се ставија илјадници депортации на Евреи во Втората светска војна.
Чатари, кој од минатата година се наоѓаше во домашен притвор, бил висок унгарски полициски офицер задолжен за гетото Кошице, град кој денееска се наоѓа во Словачка.
Според Центарот „Симон Визентал“, тој во периодот од 1941 до 1944 година помогнал во депортацијата на околу 15,700 Евреи од Украина и злогласниот нацистички логор Аушвиц.
Судот во некогашната Чехословачка во 1948 година Чатари го осуди во отсуство на смртна казна.
По Втората светска војна овој нацист побегнал во Канада, а последните 15 години пред апсењето живеел во Унгарија.
Уапсен беше на 18 јули минатата година во Будимпешта врз основа на податоците на Центарот „Симон Визентал“.