Владата му го предаде Милениумскиот крст и земјиштето околу него на Градот Скопје, пренесе телевизијата Алфа. Според одлуката потпишана од премиерот Никола Груевски, локалната власт на трајно користење добива парцели од околу 3.700 квадратни метри на врвот на Водно.Која е причината за трансферот кој е веќе стапен на сила, службите на градоначалникот Трајановски засега официјално не откриваат.
-Град Скопје со Одлука на Владата на Република Македонија има добиено неколку парцели на Водно и во тек е нивното внесување во катастарот на сопственоста. По завршување на оваа постапка ќе се уточни дефинитивната намена на парцелите, за што јавноста ќе биде благовремено информирана – велат од Град Скопје.
Повикувајќи се на добропатени извори, телевизијата вели дека целта на трансферот е Милениумскиот крст да заврши под управа на ЈСП.