Во Вашингтон на 93-годишна возраст денес почина познатата американска новинарка Хелен Томас, која речиси цели пет децении известуваше од Белата куќа.
Томас ги следеше случувањата во Белата куќа за мандотот на дури десет американски претседатели, а меѓу нив но и во јавноста беше позната по тоа што секогаш поставуваше „тешки“ прашања.
Со новинарството започна да се занимава во еден помал вашингтонски весник, за да во 1961 година стане дописник од Белата куќа за Јунајтед прес интернешнал и „Хирст“. Таа работа ја извршуваше се до 2010 година, кога замина во пензија.
Еден портпарол од Белата куќа нејзините прашања ги опиша како „мака“, и покрај тоа што беше еден од нејзините симпатизери.
Елена Георгиевска