Најблагородната последна желба некогаш

Од:

Арон Колинс на својата смртна постела реши дека неговата последна желба е да усреќи неколку тотално непознати луѓе.
Тој во последните моменти од својот живот оставил завет на своите најблиски на сосема непознат келнер да му остават огромен бакшиш.

„Не мислам да му оставите 20 долари, или 25, туку мислам околу 500 долари бакшиш откако претходно ќе си нарачете пица“, објаснил тој.

Веднаш по смртта на Арон (30) неговото семејство во јули отвори сајт на кој започнаа да собираат средства за исполнување на последната желба на својот починат Арон.

До 11 јули беа собрани 500 – те долари и ароновото семејство веднаш ги остави на една непозната келнерка во еден ресторан, а за да докаже дека донаторите не се измамени, сето тоа го сними и видеото заедно со фотографии го постави на интернет.

Само 2 дена по објавувањето на видеото, на сајтот се појавија нови донации, така што семејството собра повеќе од 10.000 долари доволни да усреќат најмалку 20 непознати келнери и келнерки.

Во светот се уште постојат добри луѓе.