Институт за комуникациски студии: Извидникот Петар е сниман со дозвола на родителите

Од:

Институтот за комуникациски студии (ИКС), ја информира јавноста дека видеото со извидникот Петар Ачкоски е сопственост на Институтот.

ИКС овој викенд снимаше кратки видеа за извидниците и за нивната љубов кон природата, но и како треба да ја заштитиме. Секој малолетник кој е сниман е со дозвола на родителите. Материјалот кој се споделува е работен материјал, кој за жал, вирално се прошири.

Извидникот Петар, како и сите други извидници со кои ги снимавме нивните авантури на изворот на реката Бабуна веќе од денеска ќе може да ги следите на социјалните канали на ИКС.