ИКОМ официјално ја објави својата осумнаесетта Црвена листа, опфатени 119 предмети во 10 земји

Од:

ИКОМ официјално ја објави својата осумнаесетта Црвена листа, која содржи 119 предмети од 45 музеи од 10 земји во Југоисточна Европа, од кои Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Молдавија, Романија, Србија и Словенија.

Црвената листа за културни објекти од Југоисточна Европа во ризик, е фокусирана на европскиот континент и истата ќе биде најголемата листа подготвена од ИКОМ, целта е ублажување на проблемот со недозволена трговија со културни предмети.

– Иако поновата историја на регионот беше одбележана со политички пресврти и конфликти, што исто така придонесе за губење на културното наследство, современиот нерегулиран проток на културно наследство од регионот е нешто сосема поинакво. Ниту една земја не беше ослободена од оваа неволја во која беа видени предмети украдени од музеи и други културни институции, како и археолошки локалитети оштетени преку илегални ископувања, честопати извршени од организирани криминални групи, но подеднакво и од бескрупулозни поединци, велат од ИКОМ.

Од таму додаваат дека оттука ова листа претставува вреден придонес за заштита на наследството.

– ИКОМ не само што се надева дека оваа алатка ќе им помогне на полицајците, царинските службеници и приватните граѓани подеднакво во идентификувањето на наследството во ризик, но ИКОМ искрено се надева дека ќе стане важен и долготраен инструмент во растечкиот арсенал алатки што се користат за да се заштити богатото и вредно наследство на Југоисточна Европа за сите, се наведува во соопштението.