Ботас ќе настапи на Трката на шампиони за прв пат во кариерата

Од:

Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас ќе учествува на Трката на шампиони за прв пат во својата кариера, соопшти прес-службата на натпреварувањето.

Тој ќе се бори за титулата „Шампион на шампионите“ и ќе ја претставува Финска на Купот на нации.

– Со нетрпение очекувам конечно да се натпреварувам во Трката за шампиони. Го гледав овој натпревар на ТВ многу години. Фактот дека овој пат трките ќе се одржат на снег и мраз ги прави уште поинтересни. Учествував на Арктичкото рели неколку пати и се надевам дека ова искуство ќе ми помогне да ги победам силните противници, особено нашите северни соседи, претставници на Шведска и Норвешка, со цел да придонесам за подобри резултати на Финска во Купот на нации, изјави Ботас.

Последен пат Финска го освои Купот на нации во 2006 година. Трката на шампионите е меѓународен натпревар во автомобилски трки во кој се натпреваруваат пилоти од различни серии.

Овој пат турнирот ќе се одржи во февруари 2022 година во Шведска во близина на Арктичкиот круг.

Би можело да ве интересира

Давидовски ќе стартува од прв ред на последната трка од светско

Ана Ололовска

Вуков го скрши малерот во квалификациите, оптимистички ја најави трката во Мизано!

Ана Ололовска

Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!

Ана Ололовска

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Нови бодови за Рико Вуков во „Порше Карера купот“

Ана Ололовска

Нови искуства и нови бодови за Рико

А1он