Целосно вакцинирано речиси 70 отсто од населението на Кипар

Од:

Целосно вакцинирано е 69,9 отсто од населението во Република Кипар, додека пак 76,3 проценти примиле најмалку една доза, според последните податоци од Министерството за здравство, јави дописничката на МИА од Атина.

Генералната директорка во Министерството за здравство на Кипар Христина Јанаки, рече дека е реална целта, до крајот на август да стигнат до 81 отсто вакцинирани.

Од почетокот на пандемијата во земјата се регистрирани 107.887 случаи на Ковид-19, а починаа 454 лица.

Заклучно со вчера, хоспитализирани се 276 пациенти, од кои 84,43 проценти се невакцинирани, а 95 во сериозна состојба.