Освен дека пикник не прави на депонија, министерот за животна средина Насер Нудерини не одговори чија е одговорноста што гори депонијата „Буково“, а струшката депонија не е дислоцирана и по три години од најавите на градоначалникот Рамиз Мерко. Нуредини одби да ја коментира изјавата на Мерко кој на новинарите им кажа дека на депонијата во Струга може да се прави и пикник, бидејќи било добро одржувана.
„Јас не одам, не сум бил на пикник во депонија. Ние сме во контакт нонстоп со локалните власти. Како што веќе знаете локалната власт е обврзана за собирање на отпад, хигиена, водоснабдување. Не само ‘ќе’ туку имаме процедура за земање заем од ЕБРД, кое треба да биде финализирано до септември, октомври. Имаме физибилити студии за сите проекти за кои зборувам“, вели Нуредини.
На прашањето зошто струшката депонија не е дислоцирана иако Владата издвои огромни средства за таа намена, а депонијата „Буково“ гори иако секоја година се плаќаат по 45 илјади евра на приватната фирма „Нефи-ИК“, Нуредини без одговор.
„Како што истакнав претходно, проектот за новата депонија е во тек и се работи на тоа во регионот на Пелагонија. Јас сум министер две години, имаме стратегија за ова. Проблемот е 30 години. И затоа, сега сериозно имаме план да ги чистиме овие депонии.