Африканско племе граба храна од лавови

Од:

Гладот во Африка ги натера очајниците да грабаат храна од животните и тоа не било кои, туку од лавовите.

На снимката учевстуваат три ловци од едно племе во Кенија. Нивната потрага по храна почна со пронаоѓањето на чопор лавови кои исто така тргнаа во лов.

Трите мажи наоружани со ножеви, лак и стрела кога го слушнаа шакалот знаеја дека лавовте се блиску. Тој факт многумина би уплашил и би ги натерал да побегнат. Но, тројцата Кенијци после внимателното набљудување решително станаа и тргнаа право кон лавовите. И види чудо.

Лавовте најпрво збунето ги гледаа, па почнаа да бегаат. Ловците пријдоа на пленот брзо отсекоа парече месо и тргнаа назад. По заминувањето на ловците, лавовите му се вратија на пленот. Крадењето од лавовите стана се почеста пракса во Кенија.