„Социјалната политика на Владата е популистичка и клиентелистичка“, ова е оценката на пратеничката Цветанка Иванова и претседател на Комисијата за труд и социјална политика на трибинта на тема „Социјалдемократски, социјални политики“, организирана од ЛК СДММ Струмица.
Ова не е грижа на државата туку само гол популизам, рече Иванова. Посочи дека е неопходна целосна реформа и грижа на државата, социјалната помош да стигне до оние на кои им е навистина потребна како и ревизија на она што се прави.
„Правна рамка има, има и права но не се оствраруваат, немаат капацитет на социјалните установи“, рече Иванова.
Новото раководство на СДСМ, рече ќе направи дополнување на постоечката социјална програма за изборите од 2011 година, и ќе промовира идеи за вистинска социлна грижа и заштита на социјално ранливите категории.
„Ова е прва работилница од серијалот кои што ќе бидат организирани и реализирани од страна на социјалдемократската младина на Македонија и локалниот клуб од Струмица со запознавање на вистинската социјалдемократска идеологија, за интензивирање на дијалогот од различни области, но и за лично и професионално доусовршување на младите од СДСМ“, изјави Костадин Костадинов, претседател на СДММ Струмица.