Сајкоски: Уапсените во акцијата „Мафија“ сликани со Спасовски

Од:

До овој момент нема ниту една, буквално ниту една објавена потерница по ниту еден од криминалците, нарко – босовите и престапниците кои добиле македонски пасош со украден идентитет. Наместо тоа Седат Пекер чија мрежа во Истанбул турската полиција ја апси, во Македонија полицијата на Спасовски го штити. Зошто водачот на Шкаљарскиот клан во Србија лежеше затвор поради таков македонски пасош, а во Македонија со Заев и Спасовски на власт овие луѓе не се викаат ниту на разговор рече на прес конференција Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

„Уште еден од низата кој има македонски пасош од оние на Спасовски и Заев, а тоа е Луи Волина, фатен 2019-та и осуден 2020-та година на 6 години затвор во Шпанија за трговија на дрога, а кој при апсењето поседувал македонски пасош на друг човек со иницијали Н.М.А“ – обвини Сајкоски.

Сајкоски тврди дека аферата „Мафија“ покажува силна вмешаност на највисоките структури од државата во давање на логистика, поддршка и заштита на најсилните мафии и нарко картели во Европа и пошироко.

„Според билтенот на МВР уапсена за овој случај е жена вработена во службата за изработка на пасоши со иницијали Н.З. Токму ова лице во семејна атмосфера го гледаме со првоповиканиот во аферата „Мафија“ Оливер Спасовски што јасно се гледа од оваа фотографија. Значи само кога ќе гребнете по површината сомневањата недвосмислено одат до врвот на власта каде се Зоран Заев и Оливер Спасовски“ – рече Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.