Државниот пазарен инспекторат, синоќа затвори две познати скопски кафулиња во центарот на градот илокал во ТЦ Мавровка кои не ги почитувале здравствените протоколи со цел заштита од ширење на коронавирусот. Станува збор за „Интермецо“ и за “Три Кичен“.
Затворен е и објект полн со стриптизети во Крушопек.
Во игротека во близина на Министерството за здравство се славел роденден со огромен број на гости на мал простор, при тоа без елементарно запазување на протоколите за заштита.
Во сите овие објекти пазарните инспектори затекнале забави со голем број гости.
Протоколите за работа на угостителските објекти забрануваат правење забави, жива музика и да се пуштање гласна музика. Забрането е стоењето на шанк и на високи маси, на маса може да седат само по 4 лица и треба да се одалечени на 1,5 метар.
Санкциите во ваква ситуација за затоврање на обејктот во период од 10 до 30 дена, парична казана од 5200 евра како и прекршочна пријава.