Масовен протест на студентите во Атина

Од:

Карантинот и рестриктивните мерки не ги спречија грчките студенти и денеска, масовно, и покрај пандемијата, да излезат на протест во Атина.

Со слогани против новиот закон за образование на Владата, студентите протестираат по централните улици во Атина кон грчкиот Парламент.

Студентите порачуваат дека нема да се откажат од барањата и доколку е потребно ќе продолжат со нивните активности.