Севернокорејскиот дипломат Рију Хјун-ву со своето семејство пребегна во Јужна Кореја, јави Би-Би-Си.
Рију, кој беше амбасадор во Кувајт, најверојатно пребегнал во Јужна Кореја во септември 2019 година.
Пребегот на Рију потсетува на случајот на севернокорејскиот дипломат Џо Сонг-гил, кој беше на должност во Италија и во 2018 година е прогласен за „исчезнат“. Тој во 2019 година пребегна во Јужна Кореја, а тоа беше објавено дури во 2020 година.
Јужнокорејските власти не ги коментираат пребезите на Рију и Џо.
Секоја година од Северна Кореја пребегнуваат околу илјада луѓе, но ретко се случува да пребегнат високи севернокорејски претставници.