Со среќа избегната трагедија

Од:

Камионот кој се преврти и удри во бензинска пумпа за малку не предизвика катастрофа во Акрон, Охајо. На смиката на безбедносната камера, се гледа како возачот губи контрола, камионот се превртува и удира во бензинска пумпа.

Вработените и муштериите веднаш тргнале кон камионот за да му помогнат на возачот.Во кабината на камионот биле две особи, маж и жена.

Само неколку моменти пред ударот во бензинската пумпа, еден човек точел гориво. Во полицискиот извештај стои дека причина за несреќата е откажување на кочниците на камионот.