Причепчанецот Миле Стојковски по цели 16 години поминати во инвалидска количка застана на своите нозе, објави mkd-news.com.
Тој во емисија на Канал 5 телевизија покажа дека има надеж количката да ја остави и дека повторно, по цели 16 години ги чуствува своите нозе.
Ова, според Миле Стојковски се случило благодарение на советите кои ги добил во центри за физикална терапија во Австрија и Швајцарија.
Миле остана неподвижен под сообраќајната несреќа во 1996 година.
Миле Стојковски мина илјадници километри со количката, упрен за да ја оствари целта и да стигне на олимпијадите во Атина, Пекинг и Лондон.
По шест месеци напорна работа, Миле денес може да стане од количката и да стои по неколку минути.
