Иако танцот кој го прослави Мајл Џексон е тешко изводлив за многу луѓе, младиот Ерик Неш, пронајде начин популарниот „moonwalk“, да го подигне на повисок степен, пренесува „ Daily Mail“.
Ерик ги изненади минувачите на улиците во Санта Моника со својот ” Moonwalk”, а откако пред два дена, снимката се појави на Ју тјуб, заработи повеќе од 8.000 лајкови , и ја видоа 630.000 луѓе.
Пркосејќи им на законите на физиката, овој 26-годишник облече флуоресцентни патики, за да видат сите што прави.