Македонскиот краток филм “Налепница” во игра за „Оскар“

Од:

Македонскиот филм „Налепница“ на Георги Унковски е избран за најдобар краток филм на 18-тото издание на Меѓународниот фестивал за краток филм „Ин д палас“, што е еден од официјалните светски фестивали кои ги квалификуваат победниците за натамошна можност за номинација за Оскар.

„Налепница” е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија и според тамошниот опис, претставува “дел од реформираниот нов бран кој докажува дека македонскиот филм може“.

„Три години по ред македонски филм успева да влезе на реномираниот Санденс, а двапати се квалификува за „Оскар,“ велат од Агенцијата за филм.