ВИДЕО: Министер се онесвести среде прес конференција

Од:

Министерот за надворешни работи на Буркина Фасо Џибрил Јипене Басоле се онесвести за време на прес конференцијата во Анкара.

Прв на помош му притрча неговиот турски колега Ахмет Давутоглу, кој со него одговарал на новинарски прашања за кризата во Сирија.

Министерот веднаш е префрлен во болница, а по прегледот било утврдено дека нема посериозни здравствени проблеми.