На видео снимка може да се погледне дел од синоќешниот инцидент во Топаана кога беа приведени пет лица и едно лице кое издржувало казна затвор.
На снимката, еден од жителите на скопската населба, тврди дека полицискиот службеник го нападнал без причина.
Според информациите на МВР пак, синоќа во 21:30 минути во близина на Американската амбасада во Скопје во обид да го приведат 28 – годишниот Охран А. за кој се сомневале дека учествувал во физички напад, полициските службеници биле нападнати од локалните жители со камења, при што двајца од полицајците завршиле со полесни повреди.
