Сомалија: Во 2011 година 260.000 лица починаа од глад

Од:

Во Сомалија, во 2011 година околу 260.000 лица починаа од глад, е наведено во новиот извештај кој што е објавен во 29-ти април.

Помеѓу организаторите за давање на помош владее мислење дека десетици илјади луѓе непотребно починале, поради тоа што меѓународната заедница била спора во реагирањето, на знаците дека владее стравотен глад во источна Африка, на крајот на 2010 и почеток на 2011 година.

Но влијание во смртта на луѓето имале и екстремистите од групата Ал-Шабаб, кои ја забранувале испораката за помош на храна во Сомалија.

Елена Георгиевска