Вчера се потврди тоа што за целиот тек на кампањата го говоревме. Коалицијата на Стевче Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ се официјализираше и конечно стана јавна. Смешни се обидите на градоначалникот на Карпош да си направи алиби за ваквите негови погубни политики и за тоа одговорноста да ја префрли кај СДСМ, рече носителот на советничката група на СДСМ во Советот на општина Карпош, Иван Спировски.
Ја користам оваа прилика, вели тој, да демантирам дека постоел било каков обид од страна на Стевчо Јакимовски за некаква соработка со советничката група на СДСМ во Карпош. Сите информации од негова страна се неточни.
Карактерот на Стевче Јакимовски на сите им е познат. Во 2009-та година стана градоначалник благодарение на СДСМ, денес фрла дрва и камења по своите поранешни сопартијци. Со години плукаше по Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, тврдеше дека водат погрешни и неодговорни политики, а сега со нив стана коалиционен партнер, додаде Спировски.
Кој после ова може да му верува на Стевче Јакимовски дека се грижи за граѓаните, кога единствениот негов мотив во политика се личните и бизнис интереси, праша?
Советничката група на СДСМ во Советот на Општина Карпош ќе делува како конструктивна опозиција која ќе ги поддржи сите предлози кои се за доброто на граѓаните, а жестоко ќе се спротивстави на сите погрешни потези на новата коалициона власт помеѓу Српската напредна странка и ВМРО–ДПМНЕ.
