Македонскиот шампион Вардар заедно со Веспрем, ПСЖ и Барселона ќе бидат носители на претстојната жрепка за групната фаза во ракометната Лига на шампиони.
Извлекувањето ќе се одржи на 1 јули во Виена, а „црвено-црните“ ќе се најдат во првиот шешир.
Двата најдобри тима од секоја група директно ќе се пласираат во четвртфиналето, додека екипите со пласман од трето до шесто место ќе разигруваат меѓу себе за преостанатите четири места за 1/4-финалето.
Новата сезона ќе се игра во нов формат, со по две групи од по осум тимови, а две екипи од иста земја не можат да се најдат во иста група.
Шешир 1: Вардар, Веспрем, Барселона, ПСЖ.
Шешир 2: Кил, Киелце, Алборг, Порто.
Шешир 3: Мешков Брест, Мотор, Нант, Пик Сегед.
Шешир 4: Целје, Загреб, Елверум, Фленсбург.