Протести во Либан поради тешката економска ситуација

Од:

Стотици луѓе излегоа низ улиците на либанските градови, протестирајќи поради економската ситуација во земјата, во момент кога блискоисточната земја се соочува со рекорден пад на националната валута.

Незадоволството се зголеми откако либанската фунта загуби 70 отсто од својата вредност од октомври минатата година, кога почнаа протестите.

Собирите се прекинати за време на пандемијата на новиот коронавирус, но неодамна повторно се разгореа.

Девалвацијата на либанската фунта предизвика најлоша економска криза во таа земја во последните неколку децении, а голем број граѓани кои имаа заштеда во домашната валута се соочија со сиромаштија, што дополнително се влоши со појавата на пандемијата.