„Американ ерлајнс“ пријави пад на приходите од 90% поради пандемијата

Од:

Една од најголемите американски авиокомпании, „Американ ерлајнс“ денеска соопшти дека приходите во вториот кварт се намалени за 90 проценти, но оти очекува стапката на губитоците до крајот а годината да се намали поради мерките за штедење и зголемената побарувачка за патувања.

Компанијата соопшти и дека планира во јули да реализира 55 отсто од вообичаениот распоред на летање на домашните линии и речиси 20 проценти од меѓународниот распоред.

„„Американ ерлајнс“ неодамна регистрира зголемена побарувачка и го надмина врвот на активностите поврзани за рефундирање на парите,“ се посочува во соопштението од компанијата.