Ибрахимовиќ со една нога надвор од Милан по кавга со директорот Газидис

Од:

Деновите на Златан Ибрахимовиќ во Милан изгледа се одбројани, откако шведскиот напаѓач влегол во конфликт со извршниот директор на „росонерите“ Иван Газидис за време на тренинг, јавуваат италијанските медиуми.

Легендарниот центарфор има договор со клубот од Милано до крајот на сезоната со опција да го продолжи за уште една година, но се чини дека неговиот престој на „Сан Сиро“ нема да трае долго.

Двајцата влегле во спор во текот на тренинг, а локалните медиуми не јавија за конкретната причина.

Во последните месеци, Газидис не беше близу до клубот, а тоа не помина незабележано од Ибрахимовиќ, кој за тоа јавно негодуваше.

Швеѓанецот исто така бил бесен на својот шеф за неговата одлука да го отпушти Звонимир Бобан, кој беше најзаслужен за враќање на Ибрахимовиќ во Милано.