Положани: Македонија е земја на пашалоци во која секој прави што сака

Од:

Македонија е земја на пашалоци во која секој прави што сака вели за А1 Шпетим Положани, политички аналитичар од Струга и добар познавач на состојбите во градот и Македонија. Тој вели дека во Македонија постојат неколку пашалоци како оние на Али паша и Мендух паша и оти не очекува никакви промени на централно ниво.

„Овде имаме пашалуцу, поделени сме на пашалуци. Кај албанците го имаме Али паша, Мендух паша, а кај македонците го имаме Грујо паша, и за жал ние така функционираме.Ситуацијата им одговара на сите, а од тој национализам по сеизгледа дека добиваат сите, и албанската партија на власт и македонската партија на власт.Ова не е добро за никој. Ова е трагедија и за демократијата и за државата. И овој хаос оние кои го создадоа со него се хранат и со него си го продолжуваат својот живот и што е најтрагично рејтингот на двете владеачки партии не паѓа“, вели Положани
Ова што сега се случува во Струга е резултат на една машинерија за произведување на кризи смета Положани.

„Да се прегласува во Струга без некоја посебна причина е чист апсурд и затоа сметам дека овде има некаков договор меѓу Ахмети и Груевски.Во Кичево каде разликата беше 1000 гласови немаше ниедна жалба немаше прегласување, а во Струга има прегласување.Од ова нема да излезе ништо на крајот, а пазарот е Струга. Ова ќе биде само бура во чаша бидејки гласовите се тие, а со ова само ќе се хранат тензиите.Како и да заврши ова не е добро“, вели Положани.

Положани кој важеше за остар критичар за работењето на досегашниот градоначалник Рамиз Мерко смета дека на Струга и се потребни промени

„На Струга и требаше дефинитивно промена, но не ваква политичка промена. Албанскиот кандидат ветува мед и млеко, а македонскиот кандидат ветува инвестиции само во македонските средини а тоа го потврди и премиерот, што не е нормално бидејки премиерот е премиер на сите граѓани.Значи ако е од мојата партија ќе инвестирам, а ако не е од мојата партија нема да инвестира“, додава Положани.

Мики Трајковски