(ВИДЕО) Американски и грчки воени авиони летаа над Скопје во чест на нашето членство во НАТО

Од:

Американски воени авиони денеска со прелет над Скопје го поздравија членството на Македонија во НАТО. Прелетот долж течението на Вардар во Скопје, се случи околу 11 часот и 20 минути.

Два авиона на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиона на Република Грција, извршија прелет над нашата територија.

„ За жал немавме можност во сред пандемијата со коронавирусот да го прославиме нашето членство, меѓутоа денешниот настан заедничата координирана акција на нашата Армија заедно со НАТО командите и со восдухопловните сили на САД, покажува дека интеграцијата не е само политичка, туку реална, воена и одбранбена“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.


Шеќеринска заедно со американската амбасадорка Кејт Брнс го следеа прелетот од пред зградата на Владата.

Американските авиони полетаа вчера од сојузната држава Јужна Дакота и имаа 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух.