Слободан Близнаковски, кој 12 часа беше приведен во полициската станица во Велес поради пријава дека и се заканувал на советничката Рајна Стојанова, која избрана како советник од Народна, премина во таборот на ВМРО-ДПМНЕ, за „24 Вести“ ги демантира нејзините тврдења и вели дека се работи за добра режија на владејачката партија и на МВР.
Тој истакна дека синоќешниот состанок на велешката организација на ВМРО-НП била свикана токму поради трансферот на Стојанова, но истакнува оти имал сведоци дека воопшто не и се заканил.
Побаравме отчет од неа зошто од Народна премина во ВМРО-ДПМНЕ и ја прашавме дали е незадоволна од работењето на нашата партија. Таа рече дека имала притисоци и дека морала да премине во владејачката партија. Потоа побара средба со мене насамо, но јас не се сретнав насамо со неа. Сепак, тоа потоа го искористи и отиде во полиција – тврди Близнаковски.