ВИДЕО: Прелетал 12 километри над океан закачен за 160 балони

Од:

Јужноафриканецот Мат Силвер Валенс успеа закачен на 160 балони, да прелета десетина километри над Атлантскиот океан.

Летот на Валенс траел еден час на просечна висина од околу 200 метри.

Целта му била со авантурата да собере милион долари, колку што е потребно за изградба на педијатриска болница во Јоханесбург, но и во чест на Нелсон Мендела, кој на островот Робен поминал 18 години во заробеништво.

-Мојата главна цел не е да летам со помош на балон, туку да ги мотивирам луѓето ширум светот да донираат пари за изградба на болници за деца кои ќе го носат името на Мендела – изјави овој храбар Јужноафриканец.

Елена Георгиевска